Посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Големото Војводство на Луксембург
На 20 април 2018, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров оствари работна посета на Големото Војводство Луксембург, во чии рамки оствари средба со својот домаќин министерот за надворешни и европски работи, Жан Аселборн.
Министрите изразија задоволство од заемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог во изминатите месеци што резултираше со две работни посети на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Луксембург, во двата правци. Беа разменети мислења за потенцијалот и заемниот интерес во функција на натамошниот развој на севкупната билатерална соработка меѓу Република Македонија и ГВ Луксембург.
Министерот Димитров го брифираше својот домаќин за најновиот развој на внатрешно политичките состојби, реформската агенда, регионалната соработка, како и заложбите за изнаоѓање компромисно решение за билатералниот спор со Република Грција.
Двајцата министри разменија мислења за препораката содржана во последниот Извештај на Европската комисија за Република Македонија и перспективите за добивање датум за отпочнување на пристапни преговори. Министерот Аселборн ја реафирмираше
Во рамките на посетата, министерот Димитров оствари средби и со претседателот на Парламентот на Луксембург, Марс Ди Бартоломео и членовите на Парламентарната комисија за надворешни и европски прашања, одбрана, соработка и миграции, а во Стопанската комора на Луксембург, пред заинтересирани компании ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига