Македонија
16. April 2025 - 8:29

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда

Поради одржување на меѓународниот пријателски хуманитарен фудбалски натпревар Вардар - Црвена ѕвезда вечерва од 20 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената „Тодор Проески“.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.