Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одбележување на Илинден
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре од 9 часот поради одбележувањето на празникот Илинден ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје, при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.
Од МВР соопштија дека утре од 5 до 14 часот на улицата „Беласица“ и од 14 до 18 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.
Ново на Сител
-
Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи
-
Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава
-
Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци
-
Либански Хезболах го нападна северен Израел по израелскиот напад врз неговото седиште
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло до 33 степени, од утре заладување и дожд
-
СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден