Посебен сообраќаен режим утре во Центар
Министерството за внатрешни работи информира дека утре од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија.
– Од 19:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада на Република Македонија. Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот, информира МВР.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка