Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела, еве кои улици ќе бидат затворени
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела, 12 ноември 2023, најавува МВР.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.11.2023 година (недела) со почеток во 16:30 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“, во организација на Атлетската федерација на РСМ, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје.
Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје.
Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.“ - се вели во соопшението на полицијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
