Посебен режим на сообраќај во Скопје поради маршот за „8 Март“

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (08.03.2025) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. "Партизански одреди", со траса на движење по бул. "Партизански одреди", кон бул."Св.Климент Охридски", десно на бул."Илинден", право преку мост "Гоце Делчев" кон Стоковна куќа "Мост", десно по бул. "Филип 2-ри Македонски" со крајна цел парк "Жена Борец" и бул. "11-ти Октомври" пред Собрание на Република Северна Македонија околу 15.00 часот. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
