Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска и утре
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ – Карпош.
За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул.„Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Ново на Сител
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов
-
По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
-
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка