Посебен режим на сообраќај во Скопје
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
-Во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв - Скопје“, ќе се одржи 13. издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 9:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје - улица „Свети Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Свети Климент Охридски“, во продолжение право по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно - „Милениумски крст“ и траса на движење на планинарите со почеток во 10 часот од пред ОУ „Кочо Рацин“ на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно - „Милениумски крст“ во Скопје, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдена марихуана и семки од канабис
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час