-->
-->
Португалската полиција заплени 2,2 тона хашиш
-->
Португалската полиција денеска соопшти дека на еден брод запленила 2,2 тона марокански хашиш и дека во текот на операцијата, спроведена синоќа на јужниот брег на земјата, уапсила еден Шпанец.
Во полициското соопштение, што го пренесуваат португалските медиуми, се наведува дека дрогата била поделена во 70 пакети и се наоѓала во седумметарскиот брод што допловил до брегот во близина на градот Тавира, на околу 220 километри јужно од Лисабон.
Полицајците рано утринава го пресретнале бродот и едно комби, што чекало на брегот.
Уапсен е 46-годишен Шпанец, а се верува дека неколкумина криминалци успеале да побегнат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник