Португалија ги претстави целите на претседателството со ЕУ, меѓу приоритетите и одобрување на преговарачката рамка за Македонија
Португалскиот министер за надворешни работи Августо Сантош Силва изјави во Европскиот парламент дека целите на неговата земја како претседавач на ЕУ во областа на проширувањето се „прилично амбициозни“.
-Ние сакаме да придонесеме за одобрување на преговарачките рамките со Македонија и Албанија и да ги продолжиме тековните преговори со Србија и Црна Гора, изјави Сантош Силва во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).
Неколку европратеници посочија дека ЕУ не смее да ги заборави БиХ и Косово, како и на препреките и проблемите што Бугарија, како што рече членката на АФЕТ, Изабел Сантош, и ги поставува на Македонија на патот кон ЕУ.
Европратеникот Андор Дели ги посочи разликите во пристапот кон процесот на проширување помеѓу Советот и Европскиот парламент и го праша португалскиот министер што ќе направи за да се забрза спроведувањето на новата методологија за преговори.
-Ниту една измена од оваа методологија не е воведена, кажа Дели, додавајќи дека се „потребни позитивни пораки за да се забрза процесот на проширување“.
Европратеникот Андреас Шидер праша на кој начин ќе се работи за отворање на преговорите со Македонија и Албанија. Шидер исто така рече дека е заинтересиран што ќе се случи со дијалогот меѓу Косово и Србија.
-Мислам дека е важно Европа да го преземе водството во тој дијалог, кажа европратеникот.
Одговарајќи на прашањата на пратениците, Сантош Силва кажа дека прашањата меѓу Македонија и Бугарија мора да бидат решени, бидејќи тоа „се одразува на ЕУ во целина“, дека тие се надеваат на напредок во тој процес и дека одлуките од минатата година во врска со отворањето на преговорите со Македонија и Албанија треба да се спроведат.
Тој исто така оцени дека на Брисел му е драго што новата влада во Србија презела одредени обврски и дека ја поздравува посветеноста на Србија кон процесот на евроинтеграција и дијалогот со Косово. Тој ја истакна „големата важност“ на дијалогот меѓу Србија и Косово.
Во врска со новата методологија за проширување, Сантош Силва кажа дека смета дека таа „веќе е добро интегрирана во тековните преговори со Србија и Црна Гора“.
Португалскиот шеф на дипломатијата, исто така, посочи дека ЕУ нема да ги заборави БиХ и Косово.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп