Македонија
31. August 2015 - 9:21

Портрет на венцоносецот Беи Дао во ДПМ

Добитникот на наградата „Златен венец“ на годинашните Струшки вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао, денеска ќе гостува во Друштвото на писателите на Македонија.
 
Ова, како што велат од ДПМ, ќе биде можност љубителите на литературата во Скопје да  го  проследат  портретот  на  Беи  Дао, еден од најголемите современи поети во светот.
 
На средбата за творештвото на Беи Дао ќе зборуваат претседателот на ДПМ Веле Смилевски, претседателот на СВП Славе Ѓорѓо Димоски и директорот  на  манифестацијата  Мите  Стефовски,  а  стиховите  ќе ги кажува  артистот Роберт Вељановски.
 
Книжевната  средба  во  домот  на  писателите  ќе  биде  чин  на прогласување на Беи Дао за почесен член на ДПМ. Притоа кинескиот поет ќе има разговор со претставници на македонската писателска асоцијација.