Портокалово предупредување за екстремни горештини во Англија

– Во Англија и делови од Велс денеска стапи во сила портокалово предупредување за екстремни горештини, додека Велика Британија се подготвува за рекордно високи температури. Како што јавува Би-Би-Си, британската метеоролошка служба ќе го прошири предупредувањето на јужна Шкотска од понеделник до вторник, додека метео предупредувањето во Англија за првпат ќе биде подигнато на црвено ниво.
Сообраќајните власти во Лондон ги предупредија патниците во главниот град да избегнуваат патувања кои не се неопходни. Прогласена е национална вонредна состојба, со температури кои можат да достигнат до 41 Целзиусов степен.
Тоа ќе биде највисоката температура забележана во Велика Британија, надминувајќи го претходниот топлотен рекорд од 38,7 степени Целзиусови регистриран во Кембриџ во 2019 година.
Портокалова тревога значи дека некои веројатно ќе имаат здравствени проблеми, потребни се промени во работата и рутините, можат да се зголемат инциденти со безбедноста на водата со оглед на тоа што луѓето се упатуваат кон брегот, езерата и реките, а можни се и доцнења во сообраќајот, што предизвикува загриженост за лицата кои ќе бидат блокирани поради тоа. Владата воведува дополнителни мерки, меѓу другото, зголемување на капацитетот за итни повици за утре и вторник.
Ново на Сител
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
