Порталот на Сител најдобар информативен сајт во Македонија
На крајот од секоја година во декември, па така и за оваа 2017-та, ја објавуваме листата на надорби Топ 10 информативни сајтови во Македонија. Во однос на минатата, како и на последните неколку години, евидентно е дека информативните портали добиваат се поголемо место и доверба кај граѓаните.
Според истражување и објавени резултати на Агенцијата за медиуми околу 41% од севкупниот број на граѓаните информации добиваат користејќи ги интернет порталите, а меѓу младите до 30 години информирањето преку интернет има апсолутна доминација – дури 76,29% од тие граѓани секојдневно користат информации од интернет.
Последната ваква анализа Агенцијата за аудиовизуелни услуги ја правела во 2014 година, а сега уделот на информативните интернет портали во информирањето на граѓаните е уште поголем. Со тоа информативните портали по својата моќ и користење се веднаш зад најголемите телевизии во државата, а далеку пред останатите како што се печатените медиуми или радио станиците.
Според референтната листа на alexa.com, американскиот институт за дневно мерење на рејтинг на порталите во светот, ова се најдобрите, Топ 10 информативни портали во Македонија во овој момент:
1. Sitel.mk
2. Press24.mk
3. Kurir.mk
4. Republika.mk
5. Vecer.mk
6. a1On.mk
7. Vesti.mk
8. Skopjeinfo.mk
9. Reporter.mk
10. Makfax.mk
Најголем дел од граѓаните кои ги користат информативните портали како извор на дневно информирање до нив доаѓаат преку агрегаторите, специјализираните информативни сајтови на кои можат да се најдат во исто време и на исто место наслови и куси објави на над 100-тина портали од цела Македонија.
И оваа година три агрегатори доминираат како најкористени за брзо информирање:
1. Time.mk
2. Grid.mk
3. Vesti.mk
Кога сме кај презентација на најдобрите, ова се апликациите за интернет размена на информации кои најмногу се користат преку системот на комуникации и социјални мрежи:
Ново на Сител
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир