Порошенко: Зголемените тензии во Донбас се дел од планот на Кремљ
Зголемувањето на тензиите во реонот на линијата на конфликтот во Донбас последниве недели, очигледно е синхронизирано со обидите за дестабилизација на состојбата во Украина, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.
- Тоа е план на Кремљ, кој е сосема јасен. Некои наши патриоти учествуваат во него свесно или несвесно. Независно од тоа кои се нивните мотиви, јас како гарант на Уставот, правата и слободите на граѓаните, морам да работам на елиминирање на феноменот на илегалните вооружени формации, изјави Порошенко.
Како што јави Укринформ, тој нагласи дека сите оние кои вршат напади со минофрлачи и автоматски пушки се терористи и гангстери.
- Нивните основи заложби остануваат исти, независно од тоа дали носат патриотско руво и го веат украинското знаме. Нивната вина станува уште поголема, додаде Порошенко.
Украинскиот претседател најави и дека наскоро ќе покрене иницијатива со која на службите за безбедност ќе им се даде овластување да ги гонат сите вооружени лица кои не се дел до безбедносните сили, како да се терористи.
Ново на Сител
-
Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
-
Едно и полгодишно дете паднало во базен во прилепско, пронајдено бесвест од неговите родители
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ