Порошенко: Зеленски ме гони судски поради одмазда
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го обвини денеска својот наследник Володимир Зеленски дека „го гони судски поради одмазда“.
Порошенко минатата недела пристигна на судско рочиште во Киев во придружба на неколку илјади приврзаници.
Тој се соочува со 20 различни истраги под, како што тврди, „политички мотивирани обвиненија“.
Порошенко во изјава за Би Би Си вели дека неговиот пораз на изборите минатата година довел до тоа на клучни места во Владата да се вратат проруски фигури.
Поранешниот шеф на државата додаде дека се потврдиле како вистинити паролите од неговата предизборна кампања дека гласот даден за Зеленски е всушност глас за рускиот претседател Владимир Путин.
Порошенко истакна дека Зеленски не е „човек на Путин“, но нема искуство и сега во неговиот тим има личности кои се наклонети кон Русија.
Реагирајќи на изјавата на Порошенко, Зеленски нагласи дека „секој политичар има право на мислење кое им го упатува на своите гласачи“.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите