-->
-->
Порошенко: Русија води необјавена војна против Украина
-->

Русија води необјавена хибридна војна против Украина, која има и терористички компоненти, изјави од говорницата на Обединетите нации украинскиот претседател Петро Порошенко, јави ДПА.
Во обраќањето пред Генералното собрание на ОН Порошенко истакна дека изминатата година во пракса хибридната војна уште повеќе се проширила и нејзините поледици се гледаат во цела Европа, во САД и насекаде.
- Украина е полигон за тестирање на хибридната војна, во која се користат методи како политички притисок, пропаганда, местење избори, економско изнудување, воени операции и злоупотреба на дипломатските мерки, рече Порошенко.
- Терористичката компонента на необјавена хибридна војна која Русија ја води против Украина е очигледна, рече украинскиот претседател и додаде тека ова е највидливо во источна Украина, во Доњецк и Луганск.
Според него во Донбас има околу 38 илјади припадници на незаконски вооружени сили, кои како што рече „до заби се вооружени од Русија“ и кои располагаат со повеќе од 700 тенкови, 1.200 оклопни возила и сто артилериски системи.
- Дури и лицемерните советски раководители не можат да се споредат со отворените лаги и манипулации, кои денес си ги дозволува Кремљ, додаде Порошенко.
Инаку, на заседанието на Генералното собрание на ОН учествува и македонска делегација, предводена од претседателот Ѓорѓе Иванов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
