Порошенко распишува референдум за членство во НАТО

Украинскиот претседател Петро Порошенко планира да распише референдум за тоа дали неговата земја треба влезе во НАТО, во момент кога анкетите покажуваат дека 54 отсто од Украинците се за членство во Алијансата, објави денеска германската медиумска група „Функе медијенгрупе“.
- Пред четири години, само 16 отсто Украинци беа за влез во НАТО. Сега се 54 проценти, изјави Порошенко во интервјуто за оваа група.
Тој истакна дека како претседател се „раководи од ставовите на народот“ и најави дека ќе распише референдум за членството во НАТО.
- Ќе сторам се што е во моја моќ да станеме членка на НАТО, ако народот тоа го поддржи, рече тој.
Порошенко смета дека Украина наскоро ќе ги исполни пристапните критериуми за предружување кон Европската Унија.
- Европа треба да сфати дека би била побезбедна, подоверлива и посреќна со Украина, потенцира Порошенко.
Ново на Сител
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
