-->
-->
Порошенко прогласи воена состојба - три украински брода се обидоа да влезат на руска територија
-->
Целата украинска морнарица е ставена во состојба на полна борбена готовност. „Сите единици на Морнарицата на Украина се ставени во состојба на готовност. Сите бродови и други пловила се упатуваат кон морето“, објави синоќа на Твитер украинскиот Воен портал.
Како што претходно објави украинската агенција УНИАН, руски бродови на крајбрежната стража отвориле оган врз група бродови на украинската морнарица - две мали топовници „Бердианск“ и „Никопол“ и влечниот брод „Јани Капи“ - додека го напуштале Керченскиот теснец во неделата вечер. Пред тоа, во неделата наутро, „Јани Капи“ беше удрен од руски крајбрежен брод, додека украинските бродови го вршеле планираниот пренос од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовско Море
Украинската страна соопшти дека однапред известила за плановите за пренос во согласност со меѓународните правила за да се обезбеди безбедна навигација. Русија, пак, тврди дека украинските бродови незаконски влегле во привремено затворените води од територијалното море на Руската Федерација.
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека украинската страна не поднела барање за премин и нејзините бродови не биле вклучени во временскиот распоред за навигација низ Керченскиот теснец.
Командата на украинската морнарица инсистира дека според членовите 17 и 38 од Конвенцијата на ООН за морско право и членот 2 од Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за соработка во користењето на Азовско Море и Керченскиот теснец, украинските воени бродови имаат слобода на навигација, па може да поминат низ Керченскиот теснец во секое време, почитувајќи ги само прописите за безбедност во навигацијата.
Подоцна се дозна дека руската специјална единица за одбрана ги запленила сите три украински брода кога го напуштиле Керченскиот теснец. Шест припадници на украинската морнарица се повредени, од кои двајца се во сериозна состојба.
Претседателот и врховен командант на Украина, Петро Порошенко, издаде наредба сите вооружени сили на земјата да бидат во полна борбена готовност, јави УНИАН.
Порошенко синоќа предложи прогласување воена состојба. Денеска украинскиот парламент треба да го одобри предлогот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава