-->
-->
Порошенко: Господине Путин, ова е војна
-->

Украинскиот претседател Петро Порошенко, коментирајќи го инцидентот во Керчанскиот Теснец за американската телевизија „Фокс њуз“, изјави дека е започната „војна“ со Русија.
Според него, акциите на руските граничари претставуваат агресија.
– Господине Путин, тоа е агресија. Господине Путин, тоа е војна. Не е шега, ниту инцидент, ниту криза, истакна претседателот на Украина.
Меѓутоа, без разлика на ваквите зборови на Порошенко, сепак официјална изјава на Киев се уште нема.
Три украински воени бродови на 25 ноември ја преминаа руската државна граница пловејќи од Црно Море во Керчанскиот Теснец. Тие биле задржани, а сите членови на екипажот се уапсени, меѓу кои се наоѓаат и припадници на украинската безбедносна служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
