Поројни врнежи во текот на денов
Северозападниот дел од Македонија (полошкиот регион и Скопската котлина) утрово се зафатени од поголема влажна и нестабилна воздушна маса, која услови врнежи од дожд од пороен карактер проследени со ретки грмежи.
- Според радарските и сателитските слики, оваа маса се движи кон исток. Во Скопската котлина наскоро врнежите ќе ослабнат по интензитет меѓутоа по извесно време се очекува повторно поинтензивен дожд, повремено пороен со ретки грмежи. Набрзо врнежи од дожд ќе има и во југозападните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Околу пладне ќе има престанок на врнежите скоро насекаде, а повторно ќе се интензивираат попладне и во вечерните часови, особено во источните и југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена. Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.
Ново на Сител
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник
-
Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите
-
Променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура
-
Основните минимални трошоци во јануари зголемени за 391 денар, за ССМ оправдано е барањето за зголемување на платите