Поројни дождови во Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места
– Поројни дождови го зафатија вечерва градот Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места. Оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.
Оттаму засега не можеа да кажат повеќе детали за последиците од невремето.
-Од УХМР известуваат дека невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град, известија вечерва од ЦУК.
Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови, имаше паднати дрвја и некое време беше блокиран патот Дуброво-Војшанци.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница