Поригорозни мерки против тероризмот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет антитерористички закони со кои се предвидува до 20 години затвор или доживотна робија за кривичното дело меѓународен тероризам односно за терористички напади надвор од границите на Русија.
Според новиот Закон, лицето кое финансира екстремистички и терористички активности ќе биде осудено на десет години затвор о парична казна, додека тој што ќе повикува на извршување на терористички напади или јавно го оправдува ќе биде парично казнет со еден милион рубљи или затворска казна од пет до седум години.
Во Кривичниот законик се додава и членот „премолчување односно не информирање на надлежните органи за планираното злосторство“.
Исто така се намалува старосната граница за одговорноста за тероризам на 14 години.
Со Законот се обврзуваат мобилните оператори да ги чуваат податоците за разговорите и СМС пораките на корисниците. Метаподатоците ќе се чуваа т до три години, а содржината на повиците и СМС пораки шест месеци.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
