-->
-->
Порази за крај на македонските шахисти на Олимпијадата во Баку
-->
На мечевите од последното коло на 42.та Шаховска Олимпијада во Баку македонските репрезентации (мажи и жени) претрпеа порази. Во 11.коло мажите загубија од Босна и Херцеговина со 2,5:1,5, додека жените се поразени максимално од Азербејџан 3 со 4:0.
Кај мажите реми одиграа Трјко Недев, Александар Чоловиќ и Никола Николовски, додека единствено загуби Филип Панчевски на „втората табла“.
За женската селекција денеска настапија и порази претрпеа: Моника Стојковска, Бојана Бејатовиќ, Драгана Николовска и Ивана Манова.
Машката репрезентација на Македонија (со 5 победи, 2 реми и 4 порази) го освои 68.место во конкуренција на 150 селекции, додека женската репрезентација (со 5 победи 1 реми и 5 порази) се пласираше на 67.место во конкуренција на 140 селекции.
Олимписката титула кај мажите им припадна на Американците, а кај жените најуспешна беше селекцијата на Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг