Поразената Хилари Клинтон признава: Верата, јогата и „шардонето“ ми ја вратија силата по поразот на изборите
Молитвата, јогата и одредена дневна доза „шардоне" е рецептот кој ја опоравил поранешната државна секретарка на САД и некогашна прва дама, Хилари Клинтон, по поразот на минатогодишните претседателски избори, кога тесно загуби од Доналд Трамп.
Во говор во една црква во Њујорк, таа меѓу другото рече и дека до денот на изборите не верувала дека ќе изгуби, и дека на крајот била потполно поразена. Таа признава дека тогаш се чувствувала исцрпено, но „молитвите, јогата и малата дневна доза шардоне и ја вратиле силата“.
- Се свртев кон себе, внатрешната сила, кон семејството и пријателите. Користев некоку „алатки“, меѓу кои беше и молитвата. И, се издигнав благословена од многубројните молитви и духовни пораки што луѓето ми ги праќаа, рече Клинтон.
По поразот, Клинтон доцна попладнето на 9 ноември минатата година, одржа поздравен говор пред своите гласачи, но целата тежина од губењето на изборите, како што вели, ја почувствувала малку подоцна, кога со својот сопруг, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, се нашле во својот автомобил.
- Бевме на задното седиште. Не можев ниту да проговорам, во мене веќе немаше сила, додава таа.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени