Свет
5. October 2016 - 15:40

Пораст на продажбата на возила во Германија и Европа

И покрај скандалот со софтверот кој прикажувал помало загадување во септември во Германија е забележан пораст од речиси 10 отсто при продажбата на патнички и други комерцијалнни возила.

Минатиот месец во земјата се регистрирани околу 298 илјади возила што е за 9,5 проценти повеќе од минатиот месец. Со новите возила растот на продажба во првите девет месеци од 2016 година е 6 отсто, изјавил извор од автомобилската индустрија за агенцијата Ројтерс, прененсува дописникот на МИА од Берлин.

Истиот извор наведува дека поголема продажба е забележана и во Британија, Франција, Италија и Шпанија.

Продажбата на возила е мотивирана од ниските цени на горивата но и поволните финансиски услови за финансирање на нови проекти во автомобилската индустрија.