Поранешниот претседател на Салвадор осуден на уште шест години затвор за друго кривично дело
Поранешниот претседател на Ел Салвадор, Маурисио Фунес е осуден на шест години затвор поради затајување данок, соопшти вчера Генералното обвинителство на Ел Салвадор, јави ДПА.
Пресудата е донесена околу еден месец откако Фунес беше осуден на 14 години затвор во друг случај. Во мај поранешниот левичарски претседател беше прогласен за виновен за незаконска соработка со криминални организации.
Во случајот во кој беше осуден на шест години затвор, Фунес беше обвинет за затајување данок во вредност од околу 85 илјади американски долари. Освен што ќе биде осуден на затворска казна, ќе треба да плати и парична казна од околу 200 илјади долари.
Фунес беше претседател на Ел Салвадор од 2009 до 2014 година. Моментално живее во Никарагва, каде што доби азил. Тој е и државјанин на Никарагва. Не постои договор за екстрадиција меѓу Никарагва и Ел Салвадор.
Ново на Сител
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот
-
Денеска беше осветен храмот „Св. Мина”
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа