Поранешниот премиер на Чад осуден на 20 години затвор за поттикнување насилство
Поранешниот премиер на Чад и лидер на опозицијата, Сукса Масра е осуден на 20 години затвор откако беше прогласен за виновен за ширење расистички и ксенофобични пораки, поттикнување насилство и бунт, како и за соучество во убиство, изјави неговиот адвокат.
Масра е ривал на претседателот Махамат Идрис Деби, но и покрај тоа, тој беше премиер во привремената влада на Деби околу пет месеци пред да се кандидира на изборите во мај 2024 година.
Обвинителството на Чад отвори истрага против него во мај во врска со судирот во кој загинаа десетици луѓе во јужниот град Мандакао претходно овој месец.
Покрај 20-годишната казна, на Масра му беше наредено да плати казна од милијарда чадски франци (1,8 милиони долари). Тој додаде дека одбраната планира да поднесе жалба на пресудата.
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска