Македонија
15. May 2020 - 8:30

Поранешниот пратеник Весел Мемеди ќе сведочи за „27 април”

Претседателот на НДП, Весел Мемеди и Стефан Младеновски (амнестиран учесник од упадот во Собранието) се следите сведоци кои е предвидено денеска да сведочат во Кривичниот суд – Скопје, за кривичниот предмет за организаторите на „27 април’’.

Овие сведоци претходно сведочеа и во друг предмет за настаните за 27 април во Собранието, каде обвинети беа поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и триесет други лица.

Досега во случајот за организартoрите за „27 април”, каде се обвинети пораншениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, пораншените министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевси и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, сведочеа неколку лица, меѓу кои и техничкиот премиер Оливер Спасовски.