-->
-->
Поранешниот директор на „Завод за здравствена заштита“ запишал постдипломски студии на сметка на ЈЗУ
-->
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (56) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2007 година, пријавениот како директор на Јавната здравствена установа “Завод за здравствена заштита” Охрид се запишал на постдипломски студии, кои биле финансирани од “Завод за здравствена заштита” Охрид и требало да ги заврши во одреден рок. Пријавениот, до денот на поднесување на пријавата, не ги завршил студиите, ниту ги рефундирал примените парични средства со што се стекнал со материјална корист од 257.600 денари. За тој износ ја оштетил Јавната здравствена установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
