-->
-->
Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ: Ќе ги откријам сите негови тајни, местото му е во затвор!
-->

Мирјана Антовиќ, која тврди дека пред 31 година на Мирослав Илиќ му родила вонбрачен син Девин, пишува книга во која ќе ги открие сите мрачни тајни на пејачот. Поранешната љубовничка вели дека судот конечно ќе докаже дека тој е татко на нејзиниот син. Првото рочиште меѓу нив е закажано за 5. септември во Белград, во Палатата на правдата.
- Моментално ја пишувам книгата во која ќе откријам детали од мојот бурен живот. Многу познати личности ќе се појавата в оваа автобиографија, па и Мирослав Илиќ, таткото на Девин. Ќе има и убави и лоши работи, каков што е животот. Верувам дека после автобиографијата ќе се разбере што се случуваше меѓу мене и Мирослав и зошто е важно да го признае Девин како свој син, вели Мирјана.
Таа додава дека не знае дали книгата ќе излезе пред 5.септември.
- Мирослав од Девин доби барање за доброволна ДНК анализа, Илиќ тоа го одби. Затоа го тужи за утврдување на татковство и сега го чекаме првото рочиште. Судијата ќе ги сослуша сведоците, а ќе доставиме и докази. Исто така, одредени експерт ќе ги споредат Мирослав и Девин и да ја укажат физичката сличност, вели Мирјана и додава дека популарниот пејач поради вакво однесување во Америка би бил строго казнет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-
Побаран притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
-
Саркози во затвор го чуваат полицајци
-
Мицкоски оствари средба со кралот Чарлс
-
Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци
-
Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот
-
Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“
-
УХМР: Следува облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни