Поранешен полицаец од Подгорица си го убил малолетниот син и сопругата, па се самоубил
Синоќа околу еден час по полноќ М.Д.(51) од Подгорица со огнено оружје ги убил сопругата В.Д.(49) и неговиот 12-годишен малолетен син, а потоа се самоубил.
Како што пишуваат црногорските медиуми, М.Д е пензиониран службеник на Полициската управа.
- Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички експерти и службеници на Одделението за безбедност во Подгорица. М.Д бил пензиониран вработен во Полициската управа, а В.Д.- воспитувач – соопштија од Полициската управа.
Според засега достапните информации, пиштолот кој бил употребен како средство за извршување на ова дело бил во приватна сопственост. На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, за кои полицијата ќе утврдува дали ги поседува законски.
– Според податоците со кои располага во моментов Управата на полицијата, се сомнева дека мотив за извршувањето на ова дело е наталожената состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството, момчето кое беше лишено од живот – стои во изјавата на констатира Управата на полицијата.
Ново на Сител
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство