-->
-->
Поранешен падобранец цели кон рекорд во скок без падобран
-->
Поранешниот падобранец Џон Брим (34), кого го нарекуваат и „Летечка риба“, се обиде да постави нов светски рекорд во скок од хеликоптер во море, без падобран.
Брим скокна од висина од околу 40 метри во водите на Ла Манш, близу Хемпшир, југоисточна Англија. Член на тимот нуркачи кои го чекаа во водата изјави дека веднаш откако паднал, Брим за кусо ја изгубил свеста и дека е пренесен в болница поради претпазливост.
Подоцна, тој ја вратил свеста и разговарал со лекарите.
Претставник на „Гинисовите светски рекорди“ изјави оти сѐ уште се разгледуваат доказите за официјализирање на новиот рекорд.
Негова основна цел беше собирање пари за британските хуманитарни организации и луѓето кои се грижат за менталното здравје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина