Кошарка
10. October 2020 - 14:33

Поранешен НБА кошаркар и црногорски репрезентативец се бори за својот живот

 Поранешниот НБА кошаркар, Никола Пековиќ е примен во болница во сериозна состојба откако претрпе компликации од инфекција со коронавирус, објави српски „Телеграф“. 211 сантиметри високиот кошаркар има воспаление на белите дробови и моментално дише само со помош на респиратор. Пековиќ, исто така, бил пријавен во болница во Подгорица пред 15 дена со симптоми на КОВИД-19, но неговата состојба постепено се влошувала во тој период.

Триесет и четири-годишниот поранешен центар беше еден од најдобрите играчи на својата позиција, особено по сезоната 2013/14, кога имаше просек од 17,5 поени и 8,7 скока. За жал, неговата кариера беше драстично скратена од повредите кои го спречија да го развива својот потенцијал. Црногорецот одигра вкупно само шест сезони и 271 натпревар во НБА лигата со тимот на Минесота, за кој постигнуваше просечно 12,6 поени и 6,7 скока.

Тој е шампион во Евролигата со грчки Панатинаикос во 2009 година, кога беше избран во Најдобриот тим на турнирот на богатите.

Претходно играше за српски Атлас, Мега Сокербет и Партизан. Тој беше избран под бр.31 во второто коло на НБА-драфтот во 2008 година од Минесота.