Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг
Трагични вести дојдоа од Србија. Нигерискиот центар Мајкл Оџо почина порано денес, откако доживеал срцев удар за време на тренинг со српскиот кошаркарски тим Партизан.
Според извори на „Еврохопс“, 27-годишниот кошаркар имал индивидуална тренинг сесија со „гробарите“, но во еден момент паднал додека трчал. Поранешниот играч на „црвено-белите“ бил веднаш однесен во болница, но не покажувал знаци на живот и лекарите не биле во можност да му помогнат.
Оџо, кој исто така имаше американско државјанство, беше студент на државниот универзитет во Флорида од 2012 до 2017 година, а професионалната кариера ја започна во ФМП (Белград). Потоа помина две сезони со „ѕвездашите“ каде ја освои Јадранската лига и титулата во српскиот шампионат за сезоната 18/19.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега