Поранешен генерал во НАТО смета дека Сирија ќе се подели
Поранешниот главен командант на НАТО за Европа, Џејмс Ставридис изрази мислење дека е време Сирија да се подели на неколку делови.
Тој дури и предложи неколку опции за тоа сценарио вклучително и примери на Југославија, на БиХ и Ирак.
Ставридис вели дека војната во регионот нема да биде набрзо завршена, наведува Форин полиси.
– Клучен проблем на Сирија е што главните сили сами не можат да се договорат за излез од кризата – САД и Русија не се со ист став за судбината на Асад, Саудиска Арабија и Иран се во геополитички и регионални судири, додека Русија и Турција имаат несогласувања за тактички и стратешки прашања, смета генералот.
- Со продолжувањето на кризата станува се поочигледно дека единствената сириска држава веќе не постои. Народот е поделен поради граѓанската војна и со голем дел од државата управуваат разно-разни лидери, вели тој. Затоа и поранешниот командант на НАТО во Европа, предлага поделба.
Тој ја гледа поделбата на следниот начин:
- Околу Дамаск ќе се појави алавитски регион под управа на Асад или оние што ќе го заменат.
- Со централниот регион со време ќе почне да управува умерен сунитски режим
- На исток во државата може да се појави курдска енклава
- Сепак, пред да се донесе таква одлука треба да се разгледаат последиците од такви чекори, смета Ставридис.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца