Пораки за соживот од младите во Битола
Млади од неколку етнички заедници заедно прославија и Велигден и Рамазан Бајрам. На тој начин се зближија и одблиску научија за меѓуетничките односи, соживотот, но се запознаа и со религиите.
-Недостасува нешто, а тоа е токму тоа што не се знаеме со другите. Многу млаку знаеме за нашиот пријател, сосед од различна вероисповест и религија. Многу малку ни треба да го запознаеме другиот и да имаме соживот кој ни е потребен за во еден ваков мал простор да бидеиме среќни, изјави Фатма Бајрам Аземовска, Сумнал.
Младите со порака дека без разлика од која заедница се, заеднички треба да ја градат иднината.
-Учеството во овој проект ни дава можност за поголемо зближување на младите, како и намалување на предрасудите и стереотипите што во овој момент сметам дека е потребно во нашето општество, изјави ИВАНА АТАНАСОВСКА.
-Не треба да се дискриминираме, туку младите да се поддржуваме без разлика од која националност, Алмир Емрулов.
-Без разлика на религијата, националноста, и различните погледи на светот, сите сме луѓе и заслужуваме поддршка од сите, Ема Ташковска.
-Јас како млада личност, треба да заземам промена, за да го променам светот, да пристапам без предрасуди, ако така пристапам многу луѓе побрзо ќе ме прифатат. Ако го ширам тоа во слога и мир сите ќе работиме, рече Мелиса Комина.
Младите се дел од проектот „Антициганизам во моето соседство“, има за цел да ги запознае првенствено младите Роми, но и младите од другите етнички заедници во Битола за поимот антициганизам.
-Поврзано со лажните вести и дигитални медиуми, да знаат да го препознаат самиот термин и да еагираат и да создадеме поинклузивно општество, рече Викторија Михајловска, проектен координатор.
Проектот е дел од Еразмус плус програмата.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
