-->
-->
Порака за Трамп, Ким беше тука: Кинескиот претседател итно ги пренесе овие зборови во Вашингтон
-->

Сепак, американскиот претседател на попушта и порача дека во меѓувреме санкциите против Северна Кореја ќе останат. Доналд Трамп на својот профил на Твитер порача:
„Синоќа бев известен дека состанокот на Си Џинпинг со Ким Јонг Ун поминал многу добро и дека Ким се радува на идната средба со мене. Во меѓувреме, за жал, максималните санкции и притисокот мора да продолжат по секоја цена“, порача американскиот претседател на Твитер.
Севернокорејскиот лидер и кинескиот претседател се сретнаа во Пекинг за да ги зајакнат билатералните врски, потврдија од кинеската и севернокорејската страна.
Новинската агенција „Синхуа“ пренесе дека Ким Јонг Ун престојувал во Кина на една неофицијална посета од недела до среда по повик на кинескиот претседател Си. Новинската агенција „АП“ потсетува дека станува збор за првата посета на севернокорејскиот лидер на една странска земја од неговото застанување на чело на државата во 2011-та година.
Посетата ги нагласува настојувањата на Пекинг и Пјонгјанг подобро да се позиционираат и да покажат взаемна поддршка во пресрет на планираните средби на Ким Јонг Ун со јужнокорејскиот претседател Мун Жае-Ин и претседателот на САД, Доналд Трамп во следните неколку седмици.
Како што откриваат кинеските медиуми, Ким изјавил дека неговата земја сака да ги претвори односите со Јужна Кореја во „односи на помирување и соработка“ и нагласил дека Северна Кореја е подготвена за средба со Соединетите Американски Држави.
Аналитичарите сметаат дека Ким можеби почувствувал потреба да се консултира со традиционалниот сојузник во пресрет на средбата со Мун и Трамп, а Кинезите не сакале првата средба на Ким Јонг Ун да биде со некоја друга земја, туку со најголемиот сојузник - Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито