Поради жестоките судири околу Изјум, голем дел од градот уништен
Порадите жестоките судири околу Изјум, голем дел од градот е уништен, велат градските власти, а новите сателитски снимки го откриваат обемот на уништување на градот во источна Украина.
Фотографиите, направени од Maxar Technologies во четвртокот, а објавени од Си-Ен-Ен, покажуваат огромен кратер широк околу 12 метри во централниот дел на градот.
Од едната страна од кратерот се гледа опожарено училиште, а од другата фудбалско игралиште. Уништен е и дел од болницата спроти улицата.
Северно од училиштето, уништена е голема зграда на котлара, како и сите блиски станбени згради.
На околу 5 километри северозападно од Изјум, може да се забележи конвој од руска артилерија како се движи кон градот.
Заменикот на градскиот совет, Макс Стрелник за Си-Ен-Ен изјави дека градот е целосно уништен од нападите на руските воздухопловни сили и артилерија.
„Руските војници сега ги контролираат градските сектори на северниот брег на реката што го дели Изјум на половина. Украинците ги контролираат урбаните сектори на јужниот брег на реката”, рече Стрелник.
Ново на Сител
-
Приведен 51-годишен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
-
Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја