Македонија
24. February 2018 - 13:37

Поради тоа што немало покана за Косово, Македонија и Албанија го откажале учеството на конференција за Балканот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на РМ, Бујар Османи, го откажал учеството на нашата земја на конференција посветена на Западен Балкан во Бања Лука заради Косово.

Како штио информира Коха, тој ова го направил заедно со Албанија. Двете земји ќе ја бојкотираат оваа важна конференција затоа што не е покането Косово.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, го информирал својот колега од Б и Х, дека нема да присуствува, а според Коха, тоа истото го направил и Бујар Османи.

Тие сметаат дека не може да се разговара за Западен Балкан без учество на делегација на Косово.