Македонија
22. August 2025 - 8:40

Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД од 07:00 до 14:00 часот без стр8ија ќе бидат корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа во општина Бутел.

Од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул.Васил Стефановски во општина Центар, од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 9-ти Мај исто така во општина Центар, а од 08:00 до 15:00 часот  корисниците од ул.Тодор Чангов во општина Аеродром.

 

МИА