-->
-->
Поради Супер Купот овие улици ќе бидат затворени: Од утре во Скопје почнува посебен сообраќаен и пешачки режим
-->
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА (закажан за 08.08. на фудбалскиот стадион – Арена “Телеком“ во Градскиот парк во Скопје) од утре (07.08.) ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.
Притоа од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ (поранешна “Ленинова“) и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА. Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот “Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата “Рузвелтова“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат