Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица за тешки товарни возила е во прекин.
Според информации на возачи кои чекаат да го продолжат патот кон М.Каменица, на коловозот се наоѓа превртен камион ДАФ, поради што е оневозможено тешки товарни возила да се движат по патот.
-Се пропуштаат само автомобили додека според она што може да се забележи се чека влечна служба за да се отстрани камионот и сообраќајот да продолжи со нормален интензитет, јавуваат возачи.
Засега нема имформации за повредени лица ниту за причината за превртувањето на камионот.
Поради влажниот коловоз од подружницата на Македонија пат препорачуваат внимателно возење и на останатите делници од овој патен правец. Од таму додаваат дека на одделни места е можна и појава на одрони.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор