-->
-->
Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
-->
Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.
Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка.
-Евидентирани се шест интервенции поради паѓање на снегот, луѓе повредиле нога, глава. Да не се излегува без потреба, ова важи особено за децата и повозрасните. Секогаш да се почитуваат советите од АМСМ. Да се вози внимателно, да се носи зимска опрема, да не се надминува дозволената брзина со возилото, апелира доктор Реџепи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени