Поради пожарот во близина на Атина превентивно евакуирана детска болница
Освен четири населби и Националната опсерваторија за кои претходно беше дадена наредба за евакуација, вечерва превентивно беше евакуирана и детска болница што се наоѓа во близина на пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Од болницата, 36 деца и 19 вработени беа префрлени во друга детска болница исто така во Атина.
Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, ситуацијата вечерва е особено тешка, а пожарот предизвика материјална штета на домови.
Со заоѓањето на сонцето запре и гаснењето од воздух, а авионите и хеликоптерите ќе продолжат да интервенираат утре наутро, штом се раздени.
Во гаснење на пожарот интервенираат 350 пожарникари,13 пешадиски тима, 60 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, мобилизирани се противпожарни сили од северна и централна Грција и од Епир, а ангажирани се и 150 полицајци со 58 возила за превентивна евакуација на населби.
Ново на Сител
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница