Поради пожар во прекин сообраќајот на ГП Богородица-Евзони, возилата се пренасочуваат на ГП Дојран
Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица - Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ.
Претходно МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.
Според извори на МИА од Гевгелија, пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција.
На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.
Дописничката на МИА од Атина јави дека шумски пожар избувнал во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, оти преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.
Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.
Ново на Сител
-
Одобрен заем од 500 милиони евра од Унгарската експорт - импорт банка, следува потпишување договор
-
Уставниот суд на денешната седница ќе расправа за „балансерот“
-
Украинската противвоздушна одбрана одби напад врз Киев, руски гувернери известуваат за напади на украински дронови
-
Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Камала Харис повика на крај на војната во Газа без израелска окупација
-
Палестинците го повикаа Генералното собрание на ООН да поддржи создавање на палестинска држава
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд