Поради пандемиските мерки германските малопродажни фирми ќе изгубат милијарди евра
Германското здружение на малопродажни фирми ХДЕ предвидува дека германските трговци, од кои голем број ќе ги затворат продавниците од денеска, ќе изгубт повеќе од шест милијарди евра од предбожиќната продажба во споредба со минатата година.
– Крајот на годината, обично кога има голема продажба, се претвора во фијаско за голем број трговци на мало, истакна директорот на ХДЕ, Штефан Гент.
ХДЕ очекува од продажбата нешто помалку од 98 милијарди евра во ноември и декември, што е седум проценти помалку од истиот период во 2019 година.
Додека се предвидува пораст на малопродажбата преку интернер за речиси една третина односно околу 20 милијарди евра.
Во Германија од денеска почна примената на строг карантин, Вторпат годинава во Германија е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи, сите продавници се затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките.
Со заклучувањето, Германија сака да го запре ширењето на вирусот, а целта е во рок од една недела да се намали бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на максимум 50, а во моментов е над 173. Само за време на Божиќ, од 24 до 26 декември ќе има одредено олеснување.
Ново на Сител
-
Кузеска: Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата
-
Само Вест Хем полош од Манчестер јунајтед од сите премиерлигаши изминатите 18 месеци на гостински терен
-
Пронајдено младенче лав на патот во Суботица
-
Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков
-
Танески нов селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација
-
Словачка и Украина се договорија за трговски систем за жито
-
Сингапур најави целосно исфрлање на пасошите в година
-
Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис