Поради оваа тетоважа докторите дозволиле да почине!

Еден Американец во тешка алкохолизирана состојба бил однесен во локалниот Ургентен центар во Флорида. Поради прекумерната количина на алкохол срцето му престаналод а работи, а кога докторите почнале да го реанимираат и така да му го спасат животот,ја виделе тетоважата на неговите гради поради која биле приморани да дозволат да умре.
На градите на човекот имало тетоважа која пишувало „ не реанимирајте“. Болничарите пробале помеѓу неговите работи да најдат документ кој би можел да послужи како правно важечки, но не успеале.
На крајот одлучиле да ја почитуваат желбата на пациентот, а два часа покасно сепак пронашле документ кој потврдил дека донеле висправна одлука Пред донесувањето на одлуката се консултирале со етичари.
Морис Холт, еден од докторите, изјавил дека тој и неговиот колега дека тетовирање на вакви желби често ги споменувале, но само на шала. Фактот дека постои некој кој навистина такво нешто истетовирал навистина ги изненадила.
Тетоважите инаку не се првано обврзувачки. Покрај тоа, објаснува докторот Холт, постојат многу специфични услови за такви работи.
- Барањето мора да биде напишано на жолта хартија и мора да го потпише пациентот и докторот... Во правилниците никаде не се спомнува тетоважа, изјавил докторот, а пренесува Дејли Меил.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
