Поради ова заплака целиот свет: Пејачката на својата смртна постела се збогува од својата ќерка

За американската кантри пејачка Џои Мартин Фик (40), веројатно досега и не сте слушнале, но нејзината судбина со сигурност ќе допре до вашите срца – таа умира од рак, свесна е дека деновите и се одбројани, па секој преостанат момент го користи за да биде во друштво на нејзината ќерка Индијана.
После долгата борба со ракот на матката и исцрпувачките хемотерапии, Џои и нејзиниот сопруг Рори кон крајот на месец октомври на својот блог објавија писмо кое што ги расплака и оние со најладно срце.
Џои помеѓу останатото напишала дека е свесна дека умира, и дека едноставно нема спас за неа. А големината на страшните болки единствено ја намалуваат љубовта на нејзиниот сопруг и ќеркичката. И инјекциите со морфиум...
Но, храбрата пејачка не се предава бидејќи секој нов ден е нова шанса за таа да ги прегрне својата ќерка Индијана и својот сопруг Рори.
А кога Џои ја објави фотографијата со својата ќерка, потресната фотографија ја пренесоа бројни медиуми ширум целиот свет.
За сето ова да изгледа уште потажно, повторно е актуелна песната "When I'm Gone", која што Џои и Рори ја снимиле пред три години, а која многумина ја опишуваат како нејзина проштална порака...
Ново на Сител
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа