-->
-->
Поради ова многумина ќе ги избришат профилите - Фејсбук воведува нова опција
-->
Основачот на најпопуларната социјална мрежа, Марк Закерберг најави вчера дека Фејсбук најпосле работи на долго очекуваното копче „дислајк“ (Dislike - не ми се допаѓа). Закерберг ова го најави на сесијата на која одговарал на мнпогубројните прашања на членовите на Фејсбук заедниците.
- Луѓето долга низа години прашуваа за копчето „дислајк“. Денеска е посебен ден, бидејќи денеска можам да кажам дека работиме на тоа - рекол Закерберг одговарајќи на прашањата во седиштето на компанијата.
Тој објаснил дека социјалната мрежа во почетокот не го сакала ова копче, односно опција, бидејќи не сакале систем во стилот на Редит.
Но, Фејсбук и неговиот основач сфатиле дека луѓето само сакаат да имаат можност да ги изразат и чувствата поинакви од оние кои ги изразуваат со „лајк“.
Тој рекол дека постојат ситуации како што се вестите за бегалската криза или објавите за починати членови на семејството кои корисниците на социјалните мрежи не сакаат да ги „лајкнуваат“, но за кои засега немаат друга можност.
- Она што тие навистина сакаат е можноста да изразат сочувство. Не е секој момент добар - рекол Закерберг.
Фејсбук работи на ова веќе извесно време, а во компанијата се надеваат дека наскоро оваа опција ќе им биде достапна на корисниците.
- Неверојатно е комплицирано да се направи интеракција која ќе биде едноставна - рекол Закерберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата