Поради неповолни временски услови евакуиран бегалски камп на Олимп
Грчките власти ги евакуираа сите бегалци и мигранти од кампот во Петра на Олимп, поради исклучително неповолните временски услови кои преовладуваат во областа, јави дописникот на МИА од Атина.
Член на советот на општината Катерини, Никос Папазиогас за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека дека повеќето од бегалците биле преместени во нов прифатен центар во областа на езерото Волви, 65 лица се сместени во еден хотел на плажа во Катерини и за два дена и тие ќе бидат префрлен во Волви.
Евакуацијата на мигрантите почна уште вчера, откако беше расчистен патот кој води до прифатниот центар, кој беше отсечен поради снег.
Папазиогас изјави дека општината и претходно ги предупредила властите дека локацијата не е погодна за камп и често е недостапна поради снег.
Ново на Сител
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани
-
Антикорупциска отвори предмет за назначувањето новиот директор на АНБ, Бојан Христовски
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието